Трката во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас е закажана за недела, но временските услови би можеле да ги отежнат работите.
Според метеоролозите од Соединетите Американски Држави, Лас Вегас спаѓа во ризичната зона што би можела да биде поплавена во наредните денови по обилни врнежи од дожд. Се очекува и голема бура придружена со грмотевици, па затоа предупредувања за такво сценарио може да се видат насекаде во Лас Вегас.
Пред самата трка ќе се одржат тренинзи каде што сè дополнително ќе се испита, а постои 30 проценти веројатност дека пороен дожд ќе ги пречека возачите за време на првата тренинг сесија во четврток.
Што се однесува до шампионатот, Ландо Норис има 24 поени повеќе од својот колега Оскар Пјастри и води во трката за шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

