Лео Меси ова лето би можел да се врати во редовите на Барселона доколку каталонците ги надминат финансиските проблеми кои впрочем беа и причината поради кои еден од најдобрите фудбалери на светот мораше да замине од „Камо Ноу“ во 2021 година.
Но, колку и раководството да сака да го врати Меси „дома“, не сите во тимот се подготвени да се пожртвуваат за целта. Шпанските медиуми откриваат дека голем проблем за Лапорта се Френк Кеси и Андреас Кристенсен кои одбиваат да потпишат нов договор со помали примања.
Интересно, двата фудбалери пристигнаа во Барселона претходното лето како слободни играчи со цел да се намалат финансиите за нови засилувања, но овој план на Жоан Лапорта сега носи дополнителни, непосакувани проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

