Проблеми во „рајот“ – На Кристијано му пукна филмот: Тој игра фудбал, а Георгина само му ги троши парите

Кристијано Роналдо сериозно размислува да ја прекине врската со Георгина Родригез по зачестените караници на португалската ѕвезда со убавицата, по неговиот трансфер во Ал Наср.

Португалецот заработи неверојатно богатство во новиот клуб, но воопшто не е среќен од однесувањето на Георгина. Таа во меѓувреме се обидува да се пробие и како филмска ѕвезда, во документарниот филм ‘ I’m Georgina ‘, од каде и почнало незадоволството на Кристијано. Тој бил бесен поради невистините што Родригез ги наведувала како интересни случки само за филмот да добие на публицитет, опишувајќи го документарецот како „далеку од реалноста“.

„Кристијано не е среќен од однесувањето на Георгина. Се почна од документарниот филм, но и сега многу малку време минуваат заедно. Тој е на тренинзи натпревари, а таа цело време е по шопинг центрите во Ријад, трошејќи ги парите што тој ги заработува. Згора на тоа, Роналдо е далеку од својата мајка, со која секогаш бил максимално приврзан, а добро познато е дека таа е жената која го контролира неговиот темперамент. Сега кога Долорес не е крај него, тој цело време е бесен на Георгина и конфликтите се неизбежни“, тврди близок пријател на фудбалерот.

Останува да се види дали мегатрансферот во Саудиска Арабија ќе донесе и љубовен „крах“ на двојката Роналдо – Родригез. Кристијано цело време ја одлага одлуката за свадба со Георгина, меѓу другото токму поради желбата да избегне развод со кој би останал без голем дел од своето богатство.

Се вчитува...