Проблеми во Реал Мадрид: Чаби Алонсо избрка една од ѕвездите од тренинг

Реал Мадрид добро ја започна новата сезона, но таа е добра само за оние кои играат за Чаби Алонсо, додека многу други ѕвезди се незадоволни од својот статус.

Меѓу нив е и Антонио Ридигер, кој неодамна влезе во жестока расправија на тренингот на Реал Мадрид со Винисиус Жуниор.

Шпанските медиуми објавуваат дека сè започнало кога Германецот остро го нападнал Бразилецот, по што следеле остри зборови и туркање.

Алонсо веднаш реагираше и го испрати Ридигер дома за да ја смири ситуацијата, а шпанскиот стручњак му рече „збогум“ на Германецот.

Ридигер подоцна им се извини на своите соиграчи, особено на Винисиус, но неговото незадоволство ескалира поради тоа што не е во првите редови на плановите на Алонсо, како и фактот дека неговиот договор истекува во јуни 2026 година. Клубот засега не размислува да му ја продолжи соработката.

Тој одигра 157 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи седум гола и запишувајќи четири асистенции.

Се вчитува...