Првите посериозни проблеми за една национална селекција на Светското првенство во Русија. Хрватската репрезентација останува на 22 фудбалери откако селекторот Златко Далиќ се одлучил да го избрка Никола Калиниќ од кампот во Русија и да го врати назад во Хрватска!
Како што пренесуваат хрватските медиуми, иако веста се уште не е официјално потврдена, за Никола Калиниќ првенството во Русија е завршено.
Далиќ, наводно, сакал да го внесе Калиниќ во игра на пет минути пред крајот на натпреварот против Нигерија, но Никола не сакал да влезе со образложение дека има болки во грбот и уште некое друго „проблемче“. Но, сето тоа според Далиќ било игра и поради тоа се одлучил да го отстрани од репрезентацијата.
Попладнево се очекува и официјална прес-конференција во таборот на Хрватска на која ќе се информира јавноста за оваа ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА