Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен на утрешното гостување против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на Шампионите, откако Карло Анчелоти остана без помошта на двајца стандардни играчи во средниот ред на „кралевите“.
Торни Крос и Орелиен Чуамени поради грип воопшто не настапија на последниот меч од Ла Лига против Осасуна, Анчелоти веруваше дека двајцата ќе оздрават навреме за да играат на „Енфилд“, но состојбата во меѓувреме им се влоши, па германскиот и францускиот интернационалец воопшто нема да патуваат со остатокот на тимот за Англија. Добра вест за „кралевите“ е што во тимот се враќа Карим Бензема, која поради ситна повреда не играше во Памплона против Осасуна.
Тренерот на Реал Мадрид нема премногу простор за маневар во средниот ред на „Енфилд“, а единствената дилема е дали крај Валверде и Модриќ да му даде шанса на Себалјос или пак на Едуардо Камавинга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

