Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, е позитивен на Ковид-19. Тој се заразил со коронавирус уште пред да замине во кампот на репрезентацијата на Аргентина за квалификациските мечеви со Венецуела и со Еквадор.
Лаутаро е во изолација, а Аргентина остана и без фудбалерот на Ајакс, Лисандро Мартинез, поради повреда.
Мартинез оваа сезонава одигра 27 натпревари за Интер и постигна 14 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА