Англискиот премиерлигаш Арсенал се соочува со големи проблеми откако најдобриот стрелец Алексис Санчез им посочил на раководните луѓе во клубот дека засега не сака да потпише продолжување на соработката со „топчиите“. Иднината на 28-годишниот напаѓач на „Емирати“ зависи пред се од исходот на оваа сезона, затоа што Чилеанецот јасно напоменал дека нема да остане доколку Арсенал не успее да избори пласман во Лигата на шампионите.
За Алексис Санчез се интересираат неколку големи европски клубови како Јувентус, ПСЖ, Челси и Атлетико Мадрид, а фудбалерот преку својот агент им порача на раководните луѓе на Арсенал дека за нов договор сака зголемување на неделната плата на 300.000 фунти. Но, најголем услов е „топчиите“ да бидат дел од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА