Најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Хари Кејн мораше да биде заменет во 82. минута на гостувањето на Баерн против Дармштад во Бундеслигата на кое баварскиот тим славеше со 2-5.
Кејн во финишот заработи повреда на зглобот на ногата, па сега ќе следат дополнителни лекарски прегледи пред да се знае тежината на повредата.
„Кејн го изврте глуждот во мрежата на противничкиот голот. Се уште немаме новини. Ќе треба да почекаме на деталните лекарски прегледи, да видиме и да се надеваме дека не е ништо сериозно“ – истакна тренерот на Баерн, Томас Тухел на прес-конференцијата по натпреварот.
Harry Kane goes off injured after running into the post
byu/independent-pigeon insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА