Во Бундеслигата на ред е „Дер Класикер“ дербито помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен кое ќе се игра пресојниот викенд. „Милионерите“ ќе имаат големи проблеми пред дербито.
Јулијан Бранд, играчот од средниот ред и еден од најдобрите играчи на тимот од Дортмунд, можеби нема да биде подготвен за овој натпревар. Тој вчера во Загреб мораше на полувремето да остане во соблекувалната, поради повреда.
Не е познато каква е ситуацијата со Бранд, но сигурно дека ќе му треба време за опоравување, па германските медиуми пишуваат дека големи се шансите тој да не настапи на дербито. Емре Џан исто така е повреден, и вчера не настапи на дуелот со Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА