Проблеми за Челси: Фофана во „аут“ од четири до шест недели

Челси се соочува со големи проблеми пред напорниот распоред откако остана без услугите на Весли Фофана во следните четири до шест недели. Францускиот стопер се повреди на вчерашниот натпревар против Милан во Лигата на Шампионите, а денешните прегледи не донесоа добри вести за „сините“.

Вчерашната слика од крајот на мечот на која Фофана чекореше со помош на патерици наговести лошо сценарио, а прегледите утврдија истегнување на лигаментите на десното колено.

Фофана ќе пропушти неколку клучни натпревари како средбите против Манчестер Јунајтед, Арсенал, Манчестер Сити и се очекува да се врати на теренот по крајот на Светското првенство.

Се вчитува...