Челси и репрезентацијата на Англија се соочуваат со големи проблеми по повредата на Рис Џејмс. Бекот стекна повреда на натпреварот против Милан во Лигата на Шампиони и беше принуден да го напушти теренот порано од очекуваното, а се чини дека истата воопшто не е наивна.
Според првичните информации кои доаѓаат од Англија тој ќе отсуствува од теренот до декември што значи дека нема да може да му помогне на својот тим во густиот распоред кој следи, но ниту на „Гордиот албион“ на престојниот собир на најдобрите репрезентации во светот.
Рис Џејмс е еден од најдобрите фудбалери на својата позиција и неговото отсуство ќе биде голем проблем за клубот и репрезентациајта. Во редовите на Англија неговот место се очекува да го поплни Трент Алекснадер-Арнолд, додека во Челси товарот ќе падне на капитенот Цезар Азпиликуета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

