Проблеми за Денвер: Никола Јокиќ се повреди!

Големи проблеми за Денвер за продолжението од сезоната по повредата на најдобриот кошаркар Никола Јокиќ.

Српскиот центар се повреди на мечот против Бостон поради што, како што пренесуваат американските медиуми, ќе го пропушти дуелот против Сакраменто кингс. Јокиќ има повреда на зглобот, поради што ќе мора да паузира.

Засега е познато дека нема да може да помогне на дуелот против Сакраменто, а потоа дополнително ќе се знае дали ќе може веднаш да се врати на паркетот.

Се вчитува...