Проблеми за Динамо Загреб: Засилувањето од четири милиони евра пола сезона во „аут“

Динамо Загреб се соочува со голем проблем на почетокот на сезоната откако остана без услугите на Бошко Шутало. 22-годишникот ова лето пристигна во редовите на „модрите“ како големо засилување, но се повреди на натпреварот против Шибеник во 7. коло од хрватското првенство.

Шутало заработи тешка повреда во првото полувреме поради која мораше да биде изнесен надвор од теренот на носилки. Станува збор за повреда на коскаа и лигаментите на зглобот на десната нога поради која го очекува пауза од најмалку шест месеци.

Тоа е сериозен проблем за тимот за кој настапуваат и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски пред се поради амбициите за влез во разигрувањето во Лигата на Шампионите, но и одбрана на титулата во Хрватска.

Се вчитува...