Проблеми за Флик – Двајца првотимци позитивни на коронавирус

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик се соочува со големи проблеми пред мечот против Хофенхајм во Бундеслигата кој на програмата е утре. Хави Мартинез и Леон Горецка се позитивни на коронавирус и нема да може да смета на нив во следниот период.

Двајцата се во изолација и во моментов се чувствуваат добро. Oстанатите фудбалери на Баерн Минхен се негативни на последното тестирање и ќе бидат подготвени за утрешниот дуел против Хофенхајм.

 

Се вчитува...