Фудбалерот на Барселона Роберт Левандовски поради повреда ќе отсуствува десет дена од терените, додека неговиот соиграч Ламин Јамал поради истата причина ќе мора да паузира од две до три недели, соопшти каталонскиот клуб.
Во соопштението се наведува дека Левандовски мора да паузира поради повреда на долниот дел на грбот. Тој се повреди на натпреварот од 13. коло на Ла Лига против Реал Сосиедад (0-1).
Барселона изјави дека по лекарските прегледи било утврдено дека Јамал ќе мора да пропушти меѓу две и три недели поради повреда на скочниот зглоб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА