Германскиот национален тим денеска ги почна подготовките за квалификациските натпревари против Романија и против Македонија, а веднаш се појави проблем за селекторот Ханс Флик.
Првиот голман и капитен на селекцијата Мануел Нојер, го немаше на тренингот на селекцијата. Причина е повредата на коленото, па чуварот на мрежата останал во хотелот во Хамбург каде бил под терапија. Имал проблеми со десната нога кои веќе долго време се присутни, па и самиот селектор Флик одлучил дека е подобро да одмори.
Сепак, настапот на Нојер не е под знак прашалник за овие два натпревари кога станува збор за повредата. Евентуално Флик можеби ќе го поштеди, и ќе даде шанса на неговите резерви Тер Штеген и Лено, кои се повикани за овие два меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА