Селекторот на Франција, Дидие Дешамп призна дека на Килијан Мбапе ќе мора да му биде извршена операција, откако ќе бидат одработени дополнителни тестови за скршениот нос денеска.
Мбапе се повреди во победата над Австрија, кој неговата селекција го доби со 1-0, и најверојатно ќе ги пропушти двата натпревари во групата против Холандија и против Полска.
„Во среда ќе знаеме повеќе за неговата состојба. Тоа беше сериозна повреда. Медицинскиот тим направи се што можеше да ја намали штетата. Во моментов нема да има операција, но ќе мора да се направи подоцна. Утрово беше малку подобар, и ќе ја следиме неговата состојба“, рече Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА