Состојбата на теренот на стадионот во Франкфурт, кој беше под големо оптоварување на натпреварот Англија-Данска (1-1), е во центарот на вниманието пред натпреварот Германија-Швајцарија кој се игра в недела.
Синоќа поради суровата игра на некои места на „Валдстадион“ беше оштетена тревата, а една од екипите најави дека покрај жештината, состојбата на теренот ја искомплицирала играта.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека постои детален план за одржување за да се решат ваквите проблеми и да се подобри квалитетот на теренот за претстојните натпревари. УЕФА објасни дека пред Европското првенство, независни експерти работеле со тимот задолжен за теренот во Франкфурт за да обезбедат оптимални услови за игра.
Германија, која се пласираше во осминафиналето благодарение на победите против Шкотска (5-1) и Унгарија (2-0), во недела од 21 часот ќе игра против Швајцарија во Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА