Денвер Нагетс играат многу добро на почетокот на сезоната. Никола Јокиќ игра како еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, овогодинешните засилувања се покажуваат многу добро, а скорот на тимот од Колорадо е 9-2.
Сепак, се појавија и проблеми. За време на натпреварот што Нагетс го добија против Лос Анџелес Клиперс (130-116), двајца стартери на Денвер мораа да го напуштат паркетот поради повреда.
Камерон Џонсон се здоби со истегнување на десната рака при борба за скок со Ивица Зубац. Тој не се врати во игра, а се уште не е познат степенот на повредата.
Вториот повреден играч на овој дуел беше стартниот бек Кристијан Браун. Во еден напад го чуваше Џејмс Харден, а искусниот кошаркар на Клиперс му згазна на ногата, по што Браун мораше исто така да го напушти теренот.
Во моментов не може да се процени колку долго ќе отсуствуваат двајцата клучни играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

