Драган Канатларовски се соочува со сериозен проблем пред дебито на клупата на младинската репрезентација, откако двајца стандардни првотимци беа позитивни на тестирањето за Covid-19.
Најпрвин беше обелоденето дека Адријан Хајдари е позитивен, за на последните тестови да биде добиен позитивен резултат на уште еден одбранбен фудбалер, поранешниот играч на Вардар, Марио Младеновски. Двајцата беа планирани за стартери на септемвриските натпревари, па Канатларовски се соочува со сериозен предизвик да ја состави дефанзивната линија за претстојните квалификациски натпревари.
Нашата младинска селекција ја очекуваат две тешки средби, на почетокот на новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. Израниците на Канатларовски првите два натпревари ќе ги одиграат против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА