Проблеми за каталонците: Барселона без Гави и Фермин Лопез еден месец

Фудбалерите на Барселона, Фермин Лопез и Гави, ќе паузираат поради повреди, објави денес шпанскиот шампион. Тоа значи дека на следните натпревари, Ханс Флик нема да може да смета на овие двајца фудбалери. 

Како што беше најавено, Фермин Лопез (22) ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот на колкот. Што се однесува до Гави, не е објавено колку долго ќе отсуствува, но се објави дека го повредил менискусот на десното колено. Се претпоставува дека и него ќе го нема најмалку три недели. 

За Барселона следува гостување кај Овиедо, потоа домашен меч со Реал Сосиедад, па дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите, гостување кај Севиља, по што следува репрезентативна пауза. Веројатно и Лопез и Гави ќе ги пропуштат споменатите натпревари.

Се вчитува...