Кливленд Кавалирс направија голема зделка кон крајот на трансфер периодот во НБА и го доведоа Џејмс Харден од Лос Анџелес Клиперс во своите редови.
Харден брзо се вклопи во тимот на Кени Аткинсон кој игра како препороден по неговото доаѓање. Сепак, според добро информираниот Шемс Чаранија, Харден го скршил прстот на неговиот последен меч.
Ѕвездата на Кливленд Кавалирс претрпе фрактура на палецот на десната рака (неговата рака за шутирање е лева, па ова е олеснување) во натпревар што успеаја да го добијат против Никс.
Харден е под лекарски надзор и се чека одлука за следните чекори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

