Проблеми за Клоп: Садио Мане неизвесен за дуелот со Пари Сен Жермен

Менаџерот на европскиот вицепрвак Ливерпул, Јирген Клоп, се соочува со голем проблем во пресрет на утрешниот клучен натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против ПСЖ на „Паркот на принцовите“. Напаѓачот Садио Мане е неизвесен за настап поради болест. Доколку не биде оспособен за настап, ќе биде тоа голем удар за тимот на „црвените“.

Пред петтото коло од групата Ц, Ливерпул и Наполи имаат по шест бода, а ПСЖ бод помалку во трката за пласман во нокаут фазата. Утрешниот дуел од Париз е затоа од исклучително значење. Наполи на домашен терен ја пречекува Црвена Звезда.

Се вчитува...