Проблеми за Конте пред клучниот дел од сезоната

Фудбалерот на Наполи, Давид Нерес ќе отсуствува од терените најмалку еден месец откако го скина мускулот на потколеницата.

Наполи соопшти дека 28-годишниот напаѓач ја повредил потколеницата на левата нога, но не прецизираа колку време Бразилецот ќе отсуствува.

Италијанските медиуми објавија дека Нерес ќе отсуствува најмалку еден месец и дека тоа може да значи дека сезоната е завршена. Нерес ќе пропушти најмалку четири првенствени натпревари, а до крајот на Серија А остануваат уште пет кола.

Тој дојде во Наполи минатото лето и беше замена за Квича Квараскелија, кој во јануари се пресели во Пари Сен Жермен.

Тој оваа сезона одигра 25 натпревари во Серија А и постигна два гола.

Се вчитува...