Проблеми за Конте: Вест Хем влегува во трката за Адама Траоре

Вест Хем е на прагот да ги поремети плановите на Антонио Конте откако влезе во трката за Адама Траоре, пренесуваат англиските медиуми. Лондонскиот состав цели кон нови засилувања за вториот дел од сезоната со кои ќе остане во комбинација за висок пласман во Англија, но и добри настапи во Лига Европа, а во шпанскиот интернационалец гледа како „полн погодок“ за амбициите.

Во прилог е и цената на 25-годишникот за чии услуги Вулверхемптон бара 20 милиони евра како решение за заминување на незадоволниот играч кој одбива да потпише нов договор и покрај големите примања кои му се нудат, но со оглед на интересот од Тотенхем истата најверојатно ќе достигне од 25 до 30 милиони евра.

Како потсетување, во минатото Вулверхемптон два пати одбиваше понуди на Тотенхем за услугите на Траоре од која едната изнесуваше 40 милиони евра.

Се вчитува...