Кошаркарската репрезентација на Летонија би можела да биде во големи проблеми откако Кристапс Порзингис се здоби со повреда на стапалото. Во овој момент неизвесен е неговиот настап на Мундијалот.
Европските медиуми веста ја пренесуваат повикувајќи се на Руперт Фабиг, кој објави дека има информации дека настапот на Порзингис на Мундобаскетот е доведен во прашање поради проблем со стапалото.
Фабиг додава и дека на одлуката ќе се чека до последен момент, но дека состојбата на Порзингис ќе ја оценува и лекарскиот тим на Бостон Селтикс. Значајна улога во донесувањето на одлуката за неговиот настап на Мундијалот ќе има и неговиот тим.
Летонија на шампионатот е во групата Х со Канада, Франција и Либан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

