Ливерпул успеа да направи пресврт против Брајтон (2-1) и да се врати на врвот во Премиерлигата. Но, не е се идеално бидејќи Ибрахима Конате се повреди и беше заменет на полувремето.
Конате се повреди кога одбранбениот соиграч Вирџил ван Дијк случајно го згазна на раката.
Францускиот стопер на полувремето остана во соблекувалната, а на негово место влезе Џо Гомез. Во моментов, не може да се знае сериозноста на повредата.
Во поблага варијанта, тоа може да биде само истегнување, кое би траело помалку од една недела. Но, во случај на фрактура на зглобот, Конате би можел да има операција и да биде надвор од теренот најмалку четири до шест недели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА