Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ е пред заминување од Лион каде постои големо незадоволство со стручниот штаб што беше видливо и на вчерашниот натпревар против Монако.
Според француските медиуми Србинот одбил да се ракува со помошниот тренер Хорхе Масиел, а и ја напуштил клупата за резерви откако беше заменет во 65. минута од средбата.
„Слушнав дека ја напуштил клупата дури откако заврши натпреварот. Не разговарав со него, но мило ми е што е фрустриран. Сите мораме да бидеме фрустрирани“, порача првиот помошник на тренерот Пауло Фонсека.
Матиќ веќе извесно време се поврзува со заминување од Лион, a се чини дека ова лето и конечно ќе го напушти клубот за која настапува од јануари 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

