Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Боби Милевски ќе има големи главоболки доколку нема да може да смета на најдобриот напаѓач Бојан Миовски на квалификациските средби во јуни против Украина и Англија.
Одличниот напаѓач вечерва мораше да го напушти теренот во 31. минута од натпреварот при резултат 1-0 за неговиот Абердин, откако фудбалерот на Сент Мирен, Тјери Смол жестоко стартуваше, по што по проверка на ВАР доби директен црвен картон.
Настрада глуждот на македонскиот репрезентативец, кој мораше да го напушти теренот, а по дополнителните прегледи ќе се знае колку е тешка повредата.
Foul on Miovski… pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— j 🇦🇹 (@thesheep1903) May 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА