Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, поради повреда ќе го пропушти дерби натпреварот во НБА лигата против Бостон селтикс, кој ќе се одигра ноќта меѓу среда и четврток, пренесуваат американските медиуми.
Пред три дена, поради повреда на тетивата, Адетокумбо го пропушти мечот со Феникс санс кој заврши со победа на Милвоки со 140-129.
Американските медиуми пренесуваат дека грчкиот кошаркар се уште не е опоравен од повредата. Оваа сезона Адетокумбо има просек од 30,8 поени и има 11,2 скока и 6,4 асистенции по натпревар во НБА.
Бостон е на првото место на табелата во Источната конференција на НБА со 54 победи и 14 порази, додека Милвоки е втор со скор 44/24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

