Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар ги чека двомеч во четвртфиналето од Лигата на Европа против француски Монплејле кој во осминафиналето го прегази Елверум.
Лоши вести стигнуваат за францускиот тим пред двомечот откако еден од нивните најдобри ракометари Џек Tурин поради повреда ја заврши сезоната. Турин на тренинг доживеал дислокација на коленото поради која ќе мора да паузира три месеци, што значи дека на него нема да може да се смета до крајот на сезоната.
Турин на првиот меч против Елверум беше најдобар стрелец на својот тим завршувајќи го мечот со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

