Турскиот кошаркарски клуб, Фенербахче соопшти дека поради повреда Никола Калиниќ нема да биде дел од тимот на претстојниот меч против екипата на Олимпија Милано.
Натпреварот ќе се одигра во четвртото коло на Евролигата. Досега Италијаните имаат скор од две победи и еден пораз, додека Турците имаат една победа и два порази. Калиниќ во досегашниот дел од сезоната е еден од најдобрите поединци во тимот на Жељко Обрадовиќ во кој за 19 минути игра, просечно забележуваше по 7.7 поени, 2.3 скока и 0.7 асистенции, но неговата игра во одбрана е една од клучните за успехот на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА