Панатинаикос го задржа сто отстотниот учинок во грчкиот шампионат откако славеше против Перистери со 90-75, но „зелените“ скапо ја платија 13. победа во сезоната откако останаа без двајца кошаркари – Лука Вилдоза и Матијас Лесор.
Полошо помина Аргентинецот кој го очекува операција и долга пауза од терените. Бекот во текот на првата четвртина заработи пукнатина на латералниот менискус на левото колено и веќе утре ќе биде опериран, потврди и грчкиот клуб.
Luca Vildoza has sustained a rupture of lateral meniscus of the left knee, an injury that was diagnosed by the MRI. The player will undergo surgery the following Tuesday (09/01)!
— Panathinaikos BC (@paobcgr) January 7, 2024
Францускиот центар истотака во првото полувреме мораше да го напушти теренот. Лесор заработи повреда на мускул, но останува неизвесно колакво ќе биде неговото отсуство.
Повредите за Панатинаикос доаѓаат непосредно пред новата двојна програма во Евролигата во која грчкиот тим го очекуваат натпревари против Анадолу Ефес и Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА