Пелистер наредниот период нема да може да смета на услугите на Домен Тајник.
Словенецот денеска мораше итно да биде опериран, информираат од таборот на македонскиот шампион, па Тајник и не отпатува со екипата на натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона.
„Домен Тајник денес беше успешно опериран од слепо црево во болницата во Битола, па извесен период ќе отсуствува од терените“ – соопштија од РК Е. Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

