Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, ќе биде надвор од терените два месеци откако му беше констатирана повреда на мускулот и тетивата на левата нога.
28-годишниот играч од средниот ред се повреди синоќа во победата на гости против Реал Сосиедад (0-1), во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот.
Од мадридскиот клуб изјавија дека се проценува неговиот период на опоравување, а шпанските медиуми пренесуваат дека тој би можел да паузира до два месеци.
По 25 одиграни натпревари, Реал Мадрид е на второто место на табелата во Примера со 54 бода, исто колку и првопласираната Барселона. Следниот натпревар Реал Мадрид го игра во Севилја против Бетис, додека на 4 март ќе му гостува на Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

