Проблеми за Реал Мадрид за продолжението од сезоната. Францускиот напаѓач Килијан Мбапе заработил посериозна повреда на натпреварот против Алавес па ќе мора да паузира најмалку три недели.
Иако Карло Анчелоти беше оптимист околу неговата повреда веднаш по мечот, сепак деталните прегледи покажаа дека Мбапе сепак има сериозна повреда на мускулот на левата нога поради што ќе мора да паузира.
Мбапе нема да настапи на дуелите против Атлетико Мадрид, Лил и Вилјареал, а се очекува да биде подготвен за настап дури против Селта на 19 октомври.
🚨🚨| BREAKING: Kylian Mbappé has suffered an INJURY to the femoral biceps in his left leg and will be out for 3 weeks! 🤕🇫🇷
[@MarioCortegana] pic.twitter.com/vs5AjqfGGT
— CentreGoals. (@centregoals) September 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА