Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, би можел да го пропушти вечерашното Ел Класико, дуелот со големиот ривал Барселона, во Ла Лига. По дебаклот во Купот на Шпанија, „кралевите“ се надеваат дека ќе ги залечат раните со позитивен резултат во првенството против каталонскиот тим, но доколку Рамос не боде во составот, тоа ќе биде многу потешко за реализација.
Дефанзивецот се жали на повреда на коленото што ја заработи токму на претходниот дуел против Барселона на „Сантијаго Бернабеу“. Неговиот соиграч Кашемиро го удри при еден судир, а потоа и Рамос непријатно доскокна, при што настрада коленото. Капитенот на Реал Мадрид се најде меѓу избраниците на Сантијаго Солари, но неизвесно е дали ќе истрча на теренот на вечерашниот меч (20.45 часот).
Барселона има девет бода предност во однос на Реал Мадрид по 25 одиграни кола во шпанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА