Во Баерн Минхен се турбулентни денови. Баварскиот клуб му врачи отказ на тренерот Јулијан Нагелсман откако Борусија Дортмунд се најде на врвот во Бундеслигата, а кризни денови се присутни и за еден од најдобрите играчи на тимот од „Алијанц арената“, Лирој Сане.
Германскиот репрезентативец во Баерн е од 2020 година и има 37 гола и 34 асистенции во 121 натпревар за Баерн. Тој беше во добра форма на почетокот на сезоната, но неговото ниво на игра значително падна по СП во Катар.
Билд пишува дека причина за лошиот настап на Сане е комплицираната семејна ситуација. Имено, неговата партнерка Кендис Брук се преселила во Англија со нивните две деца. Не може повеќе да живее во Минхен бидејќи и недостигал во Британија. Таа е родена во САД, а се занимава со манекенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

