Родителите на Илија Ивиќ, првиот Србин кој го прифати повикот да настапува за некоја од фудбалските селекции на Косово, добиле отказ од работа, тврди Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Косово, а јавува радио Слободна Европа. Во информацијата од косовската куќа на фудбалот стои дека „ФСК е потресен од информацијата дека родителите на младиот српски фудбалер, кој игра за приштинскиот клуб Фљамуртари, добиле отказ во институциите во кои работеле, а кои ги финансира Србија“.
Како што пренесува Радио Слободна Европа, причина за тоа е што 17-годишниот фудбалер од Грачаница прифатил да игра за младинската селекција на Косово. ФСК ги повика косовските и меѓународните институции, вклучувајќи ги и УЕФА и ФИФА, да реагираат во „спречување такви дискриминаторски појави“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА