Повредата на Раул Ентрериос ги наруши плановите на шпанскиот селектор Жорди Рибера пред стартот на СП во Франција. Бекот на Барселона се повреди на натпреварот со Полска, на турнирот во Ирун. Бекот на Барселона поради повредата не одигра ни минута во другите два контролни натпревари против Аргентина и Катар.
Поради состојбата со Ентрериос, шпанскиот селектор одлучи во Франција да патува со 17 играчи. Одлуката со кои 16 играчи ќе настапи Шпанија на СП, Рибера ќе ја донесе непосредно пред првиот дуел против Исланд на 12 јануари.
Шпанија е еден од противниците на Македонија во Групата Б во Мец во која важи како главен фаворит за првото место. Македонија и Шпанија ќе играат меѓусебе на 18 јануари во 4.коло во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА