Реал Мадрид оствари минимална победа (1-0) над Рајо Ваљекано во Ла Лига, но „кралевите“ платија голем данок. На вчерашниот меч повреди заработија стрелецот на единствениот гол Карим Бензема и крилниот играч Марко Асенсио. Ова секако носи дополнителни проблеми за тренерот Сантијаго Солари во пресрет на настапот на Светското клупско првенство во Абу Даби. „Кралскиот клуб“ в среда ќе игра против јапонскиот тим Кашима антлерс во полуфиналето од ова натпреварување.
Бензема се жали на повреда на скочниот зглоб, додека Асенсио има болки во бутниот мускул. И двајцата ќе биде под строг лекарски надзор, но најверојатно ќе патуваат со тимот во Обединетите Арапски Емирати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА