Проблеми за Солскјер – Јунајтед без двајца стандардни дефанзивци

Манчестер Јунајтед го загуби саботниот дуел со Астон Вила, а „црвените ѓаволи“ воедно останаа и без двајца стандардни дефанзивци во одбраната. Лук Шо и Хари Мегваер мораше да бидат заменети во текот на овој натпревар, а по деталните прегледи беше утврдено дека двајцата ќе мора да минат извесен период надвор од терените.

Како што потврди Солскјер, посериозна е повредата на капитенот Мегваер, кој ќе паузира најмалку три седмици од фудбалските терени.

„Мегваер има проблем со мускулот и не изледа добро. Лекарите соопштија дека ќе паузира дваесетина дена“, објави Солскјер.

Што се однесува до Шо, неговата повреда е нешто полесна, левиот бек дефинитивно нема да игра утре против Вилјареал, но „црвените ѓаволи“ се надеваат дека тој ќе може да му помогне на тимот за саботната пресметка со Евертон.

Се вчитува...