Српскиот интернационалец Немања Матиќ воопшто не беше во составот на Манчестер Јунајтед на дербито против Ливерпул. Причината е јасна, одличниот играч за врска е повреден и ќе паузира еден месец. Ова секако ќе донесе нови главоболки за менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.
Матиќ допрва ќе ги мине деталните лекарски прегледи, но речиси е извесно дека ќе пропушти шест натпревари во наредните триесетина дена. Меѓу нив и дуелот против Арсенал во Премиер – лигата, како и реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Покрај ова, на повреди се жалат и Андер Ерера, Џес Лингард и Хуан Мата, како и Маркус Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА