Проблеми за Србија пред ЛОИ: Се повреди Никола Јовиќ

Српскиот кошаркар Никола Јовиќ се повреди пред почетокот на подготовките за Олимписките игри! Јовиќ се повреди пред два дена во Мајами, пренесуваат српските медиуми.

Јовиќ е на поширокиот список на 16 кандидати на селекторот Светислав Пешиќ за настап на игрите во Париз. Минатата сезона за Хит имаше просек од 7,7 поени, 4,2 скока и 2 асистенции по натпревар.

Тоа треба да биде една од главните надежи на Србија на Олимписките игри.

 

Се вчитува...