Обвинителството потврди дека ќе бара затвор за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во висина од четири години и девет месеци, поради измама и прикривање на даночен долг.
Вкупниот даночен долг на Италијанецот бил 1.217.958 евра. Дополнително, му е одредена казна од 243.593 евра и камата од 47.298 евра. Анчелоти е обвинет за два дела во 2014-2015 година. Од него се бара да плати две казни во вкупна вредност од 3.186.237 евра, се вели во обвинението.
Искусниот италијански тренер вчера даваше исказ пред судот. Во одговорот на адвокатот на Италијанецот, се бара неговиот клиент да биде ослободен.
Ставот на одбраната е дека Карло Анчелоти немал намера да ја измами државната каса и го правел тоа што му рекле од Реал и неговите советници. Во случај на вина, адвокатот инсистира да се земат предвид олеснителните околности, вклучително и отплата на долгот до 2021 година. Во исто време, обвинителот е уверен дека олеснителните околности не можат да се применат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА