По две години пауза од европските натпреварувања, двократниот европски шампион Вардар се враќа на интернационалната сцена со настап во Лига Европа. Во првиот меч од групната фаза „црвено-црните“ ги очекува натпревар против исладнски Валур кој ќе биде одигран во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“.
На првиот меч тренерот Недановски нема да го има на располагање Дмитро Хориха кој ја скинал тетивата на шутерската рака.
„Имаме проблеми со повредени играчи. Пинто е повреден некое време и го немаме на располагање, а исто така останавме и без Хориха кој има скината тетива на шутерската рака и мораше да оди на операција, така што одредено време ќе бидеме и без него“, изјави Недановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА