Проблеми за „волчицата“ – без тренерот и најдобриот стрелец против Кротоне

Рома ќе биде сериозно ослабена за утрешното гостување против Кротоне откако Един Џеко отпадна од комбинација за настап на овој натпревар. Капитенот на „волчицата“ го постигна победничкиот гол против Сампдорија, но потоа заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет. Иако повредата не е премногу сериозна, лекарскиот тим оцени дека ризикот е преголем, па босанскиот голгетер нема да патува со остатокот од тимот на ова гостување.

За очекување е шанса од првата минута против Кротоне да добие Шпанецот Борха Мајорал, кој минатата сезона настапуваше со нашиот Енис Барди во Леванте. Проблемите за „волчицата“ се уште посериозни ако се знае дека и тренерот Пауло Фонсека е болен, па речиси сигурно нема да патува со екипата во Кротоне.

Згора на тоа, поради најразлични повреди во комбинација за овој натпревар не се ниту Сантон, Спинацола, Педро, Миранте, Фацио, Заниоло и Калафиори.

Се вчитува...