Проблемите на Клоп немаат крај – Ливерпул без Салах на почетокот на следната сезона?

Ливерпул со сигурност ќе сака да ја заборави оваа сезона, барем во домашните натпреварувања, што е можно поскоро. По долгоочекуваната титула, „црвените“ не беа ни близу да ја одбранат оваа сезона. Секако, главниот фактор за послабите игри е повредата на Ван Дајк на самиот старт на сезоната. Клоп не можеше да смета на своите најдобри 11 во кој било момент од сезоната, најмногу поради повредите на одбранбените играчи. Вакви слично сценарио, Ливерпул го чека и следната сезона кога Мохамед Салах ќе биде отсутен од тимот на „црвените“.

Проблемите на Клоп немаат крај, Салах скоро сигурно ќе ги пропушти подготовките и неколку натпревари во првите кола од следната сезона. Имено, ФС на Египет го посакува својот најдобар играч во олимпискиот тим кој ќе се натпреварува во Токио во текот на летото. Салах би можел да се приклучи на тимот како еден од постарите играчи, секој тим има право на тројца фудбалери постари од 21 година.

Турнирот во фудбал ќе трае од 22 јули до 7 август, а колку подобри резултати ќе оствари Египет, толку подолго Ливерпул ќе нема да може да смета на својот најдобар играч.

Во Премиер лигата, Клоп сега се соочува со грчевита борба за пласман меѓу најдобрите четири, а за овој предизвик му претстојат 11 натпревари. Ливерпул во моментов е седмопласиран тим со пет поени помалку од Челси, кој ја зазема четвртата позиција.

Се вчитува...