Проблемите во Јувентус немаат крај, нова „главоболка“ за Пирло

Јувентус прикажа разочарувачка игра на гости против Наполи, во поразот 1-0. По натпреварот, Андреа Пирло доби нова „главоболка“, а главната причина за ова се постојаните повреди кај играчите и неможноста да го има целиот тим на располагање.

Во текот на првото полувреме, Хуан Квадрадо се повреди и беше заменет на паузата и остана во соблекувалната. Повредата на Колумбиецот е од посериозна природа и сигурно ќе ги пропушти следните неколку натпревари, што е лоша вест за Пирло.

Квадрадо е еден од најдобрите играчи оваа сезона, а неговите продори по десната страна и опасните центаршутеви сигурно ќе недостасуваат во играта на „Старата дама“. Пауло Дибала би можел да биде на клупата против Порто, додека враќањата на Артур и Арон Ремзи се уште не се дефинирани.

Се вчитува...